
На пазарот наскоро ќе пристигне Coca-Cola брендиран телефон. Станува збор за уред кој би можел да биде сместен во листата на „чудни мобилни од неочекувани брендови”, бидејќи Coca-Cola се подготвува за реализација на ново партнерство со постоечки производител.
Рендерот од телефонот го прикажува уредот кој има црвена боја и лого Coca-Cola на задната страна, има две камери и лед блиц.
Веројатно се работи за ребрендиран уред од Realme 10 серијата ии попрецизно основниот Realme 10 модел.
Моделот наскоро ќе се појави прво во Индија, а нема информации дали потоа ќе биде достапен и на другите пазари.