Пристигнува смартфтон наменет за обожавателите на „Star wars“
OnePlus ќе добие свое посебно издание, посветено на филмскиот серијал „Star Wars“ и ќе го носи називот OnePlus 5T.
Уредот ќе биде достапен од 14 декември, само ден пред светската премиера на филмот „Star Wars: The Last Jedi“.
Задниот дел од телефонот е во бела боја и има лого „Star Wаrs“, а ќе се испорачува во заштитна фолија исто така инспирирана од филмскиот хит.
Овој смартфон ќе биде претставен и на посебен настан во Мумбај на 7 декември.