Притвор и кривична пријава за убиецот на семејството од Дебар

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Кривична пријава за убиство против 28-годишната Б.П. денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар.

Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во убиството на  Амит Поцеста (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14).

Сите се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа.

Порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата, утрово пишуваше дека извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка.

Неофицијално, откако Б.П. го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.

Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе