Притвор за 24-годишен кумановец дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за 24-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово,  биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш, 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more

Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе