Притвор за осомничениот за убиството во Ново Лисиче

Скопје, 15 август 2019 (МИА)  –  Притвор во траење од 30 дена му е определен на осомниченот за убиството на 17- годишниот Никола Христовски, што се случи завчера во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, соопшти денеска Јавното обвинителство.
 
 
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишник осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
 
– Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
 
Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
 
Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
 
Убиениот Христовски до неодамна беше член на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе