Притвор за прилепчанец кој се обидел да прегази полицајци

Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното Јавно Обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава за постоење основано сомневање за сторено кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ на РСМ против лицето Д.Х.К (35) од Прилеп.

На 19.03.2020 година по претходна наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, истиот при проверката не бил пронајден. Од страна на полициски службеници, стои во денешното соопштение од МВР, лицето е пронајдено како управува патничко возило марка ,„ауди А6″ со прилепски ознаки кое е забележано на улица „Прилепски бранители”. Со службено полициско возило даден е знак да застане, но истиот се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод, каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но тој не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници.

– Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени, од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик, по што возилото запрело. Во возилото се затекнати две лица Д. Х. К(35) и З.Ј(37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д. Х. К(35) му определи мерка притвор, се појаснува во соопштението од МВР.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе