Притвор за сопственикот и за раководителот на „Дурмо турс“

Скопје, 14 март 2019 (МИА) – Судија на претходна постапка вечерва му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс“, како првоосомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Како што информираат од Кривичниот суд, притвор доби и раководителот на фирмата кој е второосомничен, додека на третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор.

За четвртоосомниченото лице, исто така одговорно во „Дурмо турс“ за технички преглед, се прифатени бараните мерки на претпазливост од ОЈО, а за другите тројца, меѓу кои и возачот, постапката во Судот сѐ уште трае.

Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека главна причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и преголемата брзина со која се движел.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе