Притвор за татко осомничен за малтретирање на дете и за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1“ и „загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ЈО, на 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.

-Во вечерните часови тој пристигнал во домот во алкохолизирана состојба и иако со решение на Основниот суд Тетово му биле изречени повеќе забрани да ги вознемирува домашните и да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката. Тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница. Во собата влегол таткото на осомничениот, кој побарал од синот да не прави проблеми. Во тој момент, осомничениот од џебот извадил два скалпела, го фатил за коса својот татко и ставајќи му го скалпелот на вратот, му се заканил дека ќе го убие. Потоа го пуштил, а со скалпелите продолжил да им се заканува на домашните со зборовите: „Вечерва ќе има крв“, прецизира ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ 

реклама

Италија личи на чизма, Албанија на кондом, а Македонија?

Read more
Седум славни личности кои имале тежок почеток

Седум славни личности кои имале тежок почеток

Read more
Јадете помалку сол за да се чувствувате подобро

Јадете помалку сол за да се чувствувате подобро

Read more
Секси муабети: Како да бидете „безобразни во кревет“?

Секси муабети: Како да бидете „безобразни во кревет“?

Read more

Хроника

Се истражува оштетувањето на електричната табла до прилепската модуларна болница

Read more

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина

Read more

Приведен скопјанец при кражба од црква, предизвикал и пожар

Read more

Приведени двајца дилери во Штип

Read more
 

Вести

Македонија прва во Европа по број на починати од ковид за една недела

Читај повеќе

Нови мерки за влез во Швајцарија - новина и за невакцинираните

Читај повеќе

Се истражува оштетувањето на електричната табла до прилепската модуларна болница

Читај повеќе

Рускоска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Читај повеќе

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина

Читај повеќе

Кои се најбезбедни градови во светот за 2021 година?

Читај повеќе

Италијанците на референдум догодина за легализација на марихуаната

Читај повеќе

Есенва ќе има поголем ризик за зараза, колективен имунитет само со вакцинација

Читај повеќе

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Читај повеќе