Притвор за три лица за „родосквернавење” и „трговија со дете”

По претходно донесената наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија, соопштија од Јавно обвинителство.

Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело „родосквернавење“ и кривично дело „трговија со дете“, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело „трговија со дете“, велат од ЈО.

– Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерки. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето одбиело, мајката употребувала физичка сила, објаснуваат од Обвинителство.

Исто така, првоосомничениот, според обвинителството, злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет.

– Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка, додаваат од Обвинителство.

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​  

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе