Регион

Притворен грчки полицаец обвинет за 11 кражби, тврди дека е зависник од коцкање

17. февруари 2020 - 19:39 | МИА

Дваесет и деветгодишниот полицаец кој пред четири дена беше уапсен за 11 кражби извршени со службеното оружје, денеска доби мерка притвор.

Грчките медиуми објавуваат дека во своја одбрана тој изјавил дека е зависник од коцкање.

Полицаецот, во исказот пред истражен судија, признал дека стои зад 11-те кражби, рекол дека жали за стореното и објаснил дека поради коцкање има огромни долгови и не можел дури ниту да ја плати киријата за станот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во четвртокот, откако со службеното оружје извршил кражба на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, грчкиот полицаец беше уапсен, по што истрагата покажа дека е одговорен за уште девет други грабежи, во текот на декември минатата година, кога од осум бензински и една трафика украл вкупно 4.400 евра.

Коментирај