Хроника

Притворени двајца турски возачи за фалсификување исправи

10. јануари 2019 - 10:22 | МИА

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривични пријави против двајца турски државјани осомничени во два одделни случаи за сторено исто кривично дело „фалсификување исправа“.

Во првиот случај осомничен е О.Х.(58) откако на 6 јануари годинава во 09.30 часот на Граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувал возило со кое вршел транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани. При тоа кај товарното возило „волво“ било констатирано дека бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број.

Во вториот случај е осомничен Ч.М.(43) кај кого на 6 јануари годинава во 18.00 часот на Граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувано од него, а кое вршело транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани. Како и во првиот случај и овде е констатирано дека кај товарното возило „волво“ бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број.

Судијa на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија на двајцата пријавени им одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Коментирај