Приватна компанија исплатила 500 денари регрес за годишен одмор, а трудов инспектор не констатирал повреда на законот

Инспектори за труд не постапувале според закон во предмет кој се однесува за непочитување на работнички права во една приватна компанија со околу 200 вработени, односно не виделе повреда на законот со тоа што им биле исплатени 500 денари за регрес за годишен одмор, наместо 40% од просечната плата.

Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на седницата на Комисијата денеска информираше дека фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда.

На седницата членовите на ДКСК го запреа постапувањето по предметот и предложија да се достави иницијатива за уврдување одговорност на државниот инспектор до директорот на Испекторатот за труд и Инспекцискиот совет.

Николовска појасни дека се работи за предмет кој се однесува на, како што рече, државни службеници кои не си ја извршувале својата работа, односно, не постапувале по закон за пријава за неисплатени ноќен труд, регрес или годишен одмор во една приватна компанија. Информираше дека Комисијата побарала Државниот инспекторат за труд да ги утврди констатациите, а истото барање до инспекторатот било упатено и од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

– Од Државниот испекторат за труд одговорија дека дел од наводите се потврдени. Се работи за контрола која ја вршел овластен инспектор за труд, утврдени се одредени состојби, дадени се одредени насоки на раководниот орган на компанијата која е наведена во пријавата, меѓутоа во одговорот наведено е дека: Во јануари 2021 година, овластен виш инспектор постапувал по поднесок од синдикална организација каде што учествуваат и вработените во компанијата за неисплатен регрес за 2020 година. Констатирано е дека не е исплатен регресот и донесена е испекциска мерка опомена и даден е налог за сите 196 вработени да се исплати регрес за годишен одмор. Од предметот во вонредниот инспекциски надзор, констатирано е дека работодавачот не постапил по опомената и не го исплатил целосно утврдениот регрес за 2020 година па затоа со спогодба за утврдување на понизок износ за регрес од март 2021 година синдикалната организација кај работодавачот, склучена е спогодба за исплаќање на регрес во висина од 500 денари. Износот за исплата на регрес утврден според закон е 40% од исплатената просечна нето плата, истакна Николовска.

Појасни дека по повторна пријава, вишиот инспектор во март извршил контролен надзор и во записникот кој го подготвил не констатирал никакви поврди во работењето на правниот субјект. Николовска информира дека според наводите на Државниот инспекторат, при разгледување на предметот, инспекторот не констатирал дека 500 денари не треба да се исплатат затоа што таа спогодба е донесена отпосле, последователно по важноста на одлуката за исплата на регресот за годишен одмор. Испекторатот констатирал дека инспекторот требало да донесе инспекциска мерка наредба и да го задолжи работодавачот да го исплати целиот износ.

– Самиот факт што инспекторот не ја утврдил вистинската состојба во однос на висината на исплатеиот регрес има простор за надлежно постапување, нагласи Николовска од ДКСК.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе