Приватните автобуски превозници добиле совети од Арсовска како да се вратат во сообраќај

Приватните превозници по денешната средба со градоначалнилката на Скопје Данела Арсовска најавија дека многу бргу ќе се вратат да сообраќаат по скопските улици. Како што изјавија нивните претставници, на средбата добиле совети и препораки како да се реформираат, официјален договор сѐ уште нема, а по меѓусебна координација неделава ќе имаат нова средба со Арсовска.

Изразија задоволство од средбата со градоначалничката и најавија дека ги послушаат советите што им се дадени за да се вратат повторно да ја извршуваат својата работа во скопските улици.

– Средбата помина во најдобар ред. Останува сега на нас превозниците да најдеме решение да се реформираме на одреден начин, да ги послушаме советите што ни се дадени за да се вратиме на скопските улици. Сите препораки беа во насока дека ќе се модеризира јавниот превоз во градот Скопје и ние ќе бидеме вклучени во тој дел, но се зависи и од нас. Ние треба да ги послушаме советите, ќе ги послушаме и ќе се вратиме за многу брзо на скопските улици, изјави Јовица Зафировски, претставник  на приватните превозници.

Тој дополни дека официјално не е ништо договорено, но оти им се дадени насоки и треба да се координираат со колегите за деталите од средбата, но сѐ е позитивно.

– Оваа недела ќе имаме најмалку уште еден состанок да ги прецизираме сите работи затоа што ние сме ново координативно тело, треба ова да им го пренесеме на колегите. Но, сѐ е позитивно. Штом нам ни одговара ќе одговара и за колегите, рече Зафировски.

Сѐ уште немаат точен датум кога ќе се вратат пак на возниот ред во Град Скопје, но велат дека имаат надеж во следните средби и оти тоа ќе се случи многу брзо.

– Кон нас приватните превозници градот Скопје нема долг. ЈСП има долг. ЈСП треба да го плати тој долг, така што да почекаме да видиме што ќе се случува понатаму.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе