Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат „Илинденска“

„Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание“, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

„Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исход или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела“, рече Јовановски.

Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТВ Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.

Јовановски уште еднаш ги отфрли обвинувањата на Арсовска дека приватните превозници од „Слобода превоз“ во изминатите пет години, односно од 2017 до денес, немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.

Повтори дека „Слобода превоз“ не била таа што продавала билети за превоз. За билетите, од набавка, продажба и колетирање на парите исклучиво е надлежно Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Ниту еден приватен превозник не продава билети во своите автобуси на каков било начин, посочи тој.

реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе