Приватното тестирање за коронавирус во Словенија ќе чини 100 евра

Љубљана, 20 мај 2020 (МИА) – Словенците кои сами ќе сакаат да се тестираат за новиот коронавирус и да добијат потврда дека не се заразени ќе плаќаат по 100 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вакви тестови кои ќе се прават по желба на граѓаните први почна да ги изведува пред неколку денови болницата во Цеље.

Од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, кажаа дека набрзо и таму ќе можат да се прават вакви тестови, а цената ќе биде иста, односно 100 евра.

Здравствените власти објавија дека сите оние кои ќе сакаат да се тестираат ќе мора тоа да го закажат преку телефон најмалку 36 часа пред проверката.

Брисот за анализа од луѓето ќе биде земен на тој начин што тие воопшто нема да имаат потреба да излегуваат од автомобилите.

Резултатите и потврдата ќе ги добијат за најмногу 24 часа.

Во Словенија денеска, исто како и вчера е регистриран само еден нов случај на COVID-19.

реклама

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Read more

Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Read more

Силна бура ја погоди Австралија

Read more

Регион

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Read more

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите и хотелските плажи

Read more

Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирус

Read more

Добра вест од Хрватска: За првпат од 9 март нема нови случаи на COVID-19

Read more

Вести

  • play_arrow

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Читај повеќе

Шпанија го укинува карантинот за странски туристи од 1 јули

Читај повеќе
  • filter

Силна бура ја погоди Австралија

Читај повеќе

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Читај повеќе

Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Читај повеќе

Зоолошката градина од утре повторно отворена за посетители

Читај повеќе

Потврден 21 нов случај на COVID-19 во нашата држава

Читај повеќе

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите и хотелските плажи

Читај повеќе

Граѓаните ќе излезат на гласање ако здравствените власти дадат зелено светло за избори

Читај повеќе