Поради агресивно однесување кон полициски службеници, синоќа во 23:05 часот на подрачјето на Аеродром бил приведен С.Т.(28) од с.Претор, Ресенско.
Како што информира МВР, С.Т. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.