Приведен кавадарчанец кој извршил 127 кривични дела и едно убиство во обид

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) – Струмичката полиција вчера во 10 часот го привела И.С. (37) од Кавадарци осомничен за сторени повеќе кривични дела тешки кражби и тешки кражби во обид во станови во повеќе градови во државата, како и кривично дело убиство во обид.

И.С., изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ги извршил сите овие дела во периодот  од мај до септември во повеќе градови од државата.

„Вкупно 127 кривични дела од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба. Делата се извршени на ист начин со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети“, појасни портпаролот на МВР.

При извршен личен претрес кај И.С. биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање блиндер врати, француски клуч за кршење цилиндер брави, пари и други предмети.

Ангеловски информира дека кавадарчанецот се сомничи и за убиство во обид.

Полициската станица Кавадарци поднела кривична пријава против И.С. поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

„И.С. на 6 јуни 2018 околу 11 часот по телефон и се јавил на неговата пријателка Р.А. која била во село Сопот и со такси-возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата во селото Р.А. му кажала дека е бремена по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот“, појасни портпаролот во МВР.

Во текот на денот И.С. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Судот во Велес.

реклама

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Четирипати повеќе заразени туристи на Промахонас отколку на аеродромот во Атина

Read more

Хроника

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

Read more

Скопјанец под истрага за убиство на вонбрачната сопруга

Read more

Италијанка била чувана под клуч и принудувана на брак со скопјанец

Read more

Казна затвор 19 години за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Read more

Вести

Над 56.000 новозаразени во САД во последните 24 часа

Читај повеќе

Казни за 169 лица за неносење заштитна маска

Читај повеќе

Тензии меѓу САД и Кина околу Јужното Кинеско Море

Читај повеќе

ОДИХР: Прелиминарна оценка за изборите на 16 јули, се следи изборниот процес, кампањата и медиумите

Читај повеќе
  • filter

Двајца исчезнати, илјадници луѓе треба да се евакуираат поради силниот дожд што ја зафати Јапонија

Читај повеќе

Повеќе од половина од заразените со COVID-19 во земјава се оздравени

Читај повеќе

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Читај повеќе
sonchevo.jpg

Сончево и топло, попладне дожд во јужните делови

Читај повеќе

ДИК: 723 лица заболени од COVID-19 и во самоизолација го искористиле правото на глас

Читај повеќе