Според Билтенот за дневни настани на МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.И.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавениот, во периодот од мај 2021 досега, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување го запуштил своето дете, како резултат на што детето учествувало во извршување на кривични дела, кои во голем дел биле потикнати од него. Како резултат на ваквата негрижа за детето се документирани 15 кривични дела ,,тешка кражба“ и ,,кражба“ за кои се поднесени две известувања до ОЈО Кочани.