Хроника

Приведен скопјанец се повредил со стаклен предмет, повреден и полициски службеник

13. март 2019 - 18:04 | МИА

Куманово, 13 март 2019  (МИА) – Приведено лице од Скопје вчера се повредило со стаклен предмет во просториите на СВР Куманово додека со него разговарале полициски службеници, соопшти кумановската полиција.

-Настанот се случил вчера при разговор со С.С. од Скопје, кој бил лишен од слобода во врска со кривични дела сторени на подрачјето на СВР Куманово. Тој со стаклен предмет неколку пати се удрил, по што бил спречен да се повредува и му била укажана лекарска помош, се наведува во соопштението на полицијата.

Со повреди се здобил и инспектор од СВР Куманово, кој се обидел да го спречи С.С. да се повредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај