Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

МВР објави детали за случајот со четирите малолетни деца кои беа најдени издрогирани и без свест во куќа во Скопје.

Според информациите од МВР, сè почнало со пријавата дека 40-годишниот Д.Ѓ. од Скопје бил физички нападнат од малолетник во дворот од неговата куќа, Веднаш по пријавата, полицијата ги затекнала четворицата малолетници, од кои двajca биле во безсознание и консумирале алкохол и психотропни супстанци.

„На местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина“, велат од МВР.

Малолетниците со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија, а  јавен обвинител излегол на лице место. Полицијата потоа го привела Д.Ѓ..

Од МВР велат дека во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Претходно од Клиниката за токсикологија информираа дека децата се во стабилна состојба. Станува збор за две момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години. По лабораториска анализа кај сите било докажано присуство на психоактивни супстанци, а не било докажано присуство на алкохол. Децата немаат сериозни повреди.

реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Хроника

Приведен возач од Тетовско, со BMW возел 151 км/ч на место на кое е дозволено 80

Read more

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Read more

Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Read more

Превртен автомобил во сообраќајка во Аеродром

Read more
 

Вести

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Читај повеќе

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Читај повеќе

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Читај повеќе

100 дена Трамп

Читај повеќе

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе