Приведена лекарка во Куманово осомничена за поткуп и злоупотреба на службена положба

Полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата.

Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

-При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.

Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена. Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга. 

реклама

Избрани 31 градоначалник во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу победници

Read more

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Read more

Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Read more

Кање со бизарна маска се појави на свадба кај синот на најбогатиот човек во светот

Read more

Хроника

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско

Read more

Гостиварец осомничен за физички напад врз сопругата и ќерката

Read more

Претрес во Битола, пронајдени дрога и оружје

Read more

Пет работници повредени во превртен автобус во Битола

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Градоначалници добија 34 општини, првиот круг ќе се повтори во две општини

Читај повеќе
  • play_arrow

Прес-конференција на Државната изборна комисија (во живо)

Читај повеќе

Заев: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме

Читај повеќе

Жртвите во нападот во Норвешка не се убиени со лак и стрела, тврди полицијата

Читај повеќе

Словенечката опозиција бара оставка од Владата по смртта на вакцинирана девојка

Читај повеќе

107 нови случаи од 1668 тестирања, 19 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

НАТО ѝ одговори на Русија

Читај повеќе

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

Читај повеќе

Официјално: ВМРО-ДПМНЕ победи во Гази Баба и Кисела Вода, втор круг во Чаир

Читај повеќе