Приведени четири лица по тепачка во Тетово

Тетово, 8 јануари 2019 (МИА) -Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца 17-годишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Според полициските податоци тепачката била пријавена половина час по полноќ од страна на 17-годишно машко лице, по што на местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот.

Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците во тепачката тие испукале и неколку куршуми во воздух.

На местото биле лишени од слобода Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово, додека двајцата малолетници на возраст од 17 години, исто така од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле донесени во полициската станица во градот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе