Хроника

Приведени маж и жена од Турција поради користење фалсификувани документи

7. август 2019 - 10:43 | МИА

Скопје, 7 август 2019 (МИА) – На 07.08.2018 во 03,20 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ на излез од РС Македонија, од страна на полициски службеници приведена била Х.К.(52) од Турција, поради постоење на основи на сомнение дека приложила фалсификувана патна исправа.

Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ-Север за понатамошна постапка.

МВР денеска соопшти дека синоќа во 23,40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во РС Македонија, од страна на полициски службеници бил задржан турскиот државјанин Е.Б.(56), кој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки., поради постоење основи на сомнение дека зелената карта која ја поседувал била фалсификувана.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Коментирај