Пред вечерашниот реванш полуфинален натпревар во рамките на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Вест Хем германската полиција во Франкфурт има полни раце работа во справувањето со фудбалските хулигани.
Приведени се повеќе од 30 навивачи на двете екипи, а во дивеењето низ градот се повредени три лица. Најсериозниот инцидент се случи во ресторан во центарот на градот каде навивачите го демолираа инвентарот со бејзбол палки, а еден вработен е повреден.
Во друг инцидент се повредени двајца навивачи.
Во првиот натпревар во Лондон фудбалерите на Ајнтрахт триумфираа со 2:1, а двете екипи пласман во финале на едно европско натпреварување чекаат повеќе од 40 години.