Во денешните протести по пресудата за случајот „Монструм“ беа повредени седум полицајци, а приведени сe осум лица и сè уште се работи на случајот, потврдија за МИА од МВР.
Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм“, но и за други судски случаи, го прогласија протестот за завршен. Демонстрантите се судрија со полицијата кај БитПазар и се обидоа да го пробијат полицискиот коридор.
Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.
Повредени се седум полицајци, а полицијата употреби шок бомби за са ги растера демонстрантите.