Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка од Велес и снимале порнографски материјал

Дваесет и петгодишен велешанец преку Instagram запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку 8 години.

Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.

– Имено, С.Д. (25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С. (32) од Тетово, Д.Н. (25), Т.И. (22) и К.Т. (24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал, се наведува во соопштението од МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.

– Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето - жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе - по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче - жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе ѝ наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето - жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, се вели во соопштението, присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето - жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Хроника

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Read more

На Богородица во едно деноноќие лишени од слобода 4 лица поради фалсификувани исправи

Read more

18 години затвор за возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Read more

Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога од половина милион евра

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите се пофалија дека пресретнале американски бомбардери над Балтичко Море

Читај повеќе

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Читај повеќе