Хроника

Приведени три лица за поседување дрога во два одделни претреси

17. февруари 2019 - 14:23 | МИА

На 16.02.2019 година во времето од 08,30 до 09,30 часот врз основа на наредба од Основен суд Велес извршен е претрес во домот на А.М.(34) од Неготино, при што се пронајдени марихуана и хероин.

Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2019 година околу 01.10 часот во село Жилче, тетовско при контрола на собраќај било сопрено патничко моторно возило „Мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.(22) од Тетово а како сопатници во возилото биле К.С.(24) и Е.Н.(27), двајцата од село Слатино.

При преглед во возилото пронајдена е марихуана. Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментирај