Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир

Министерство за внатрешни работи соопшти дека попладнево приведени биле тројца бугарски државјани поради нарушување на јавниот ред и мир на граничниот премин Деве Баир.

– Околу 12 часот и 45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на 35-годишниот Г.З., А.Х. (50) и Р.Х. (54), бугарски државјани кои најпрвин вербално, дрско и недолично, со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска.

На граничниот премин Деве Баир, помеѓу Република Бугарија и Северна Македонија се засилени полициските контроли од утрово поради најавени организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151 годишнината од неговото раѓање.

Бугарските граѓани кои тргнаа на гробот на Гоце Делчев, пак, минуваат на граничниот премин, влегуваат во државата и се враќаат во Бугарија, откако повеќе од 5 часа, како што велат , чекале за влез во Северна Македонија.

Мирослав Дачев и Бојан Донев, бугарски граѓани што влегоа со возилата на македонската страна, велат дека само сакаат да положат цвеќе на гробот на Делчев и дека не им е јасно зошто за некои од нив не е дозволено да ја реализираат намерата.

– Ова ми е втор пат да ја посетам Република Северна Македонија, првиот пат бев на чествувањето на Мара Бунева и не ми е јасно, зошто ние што сме биле тогаш, не можеме да одиме повторно во Скопје, кога не сме сториле никаков прекршок? Само сакаме да му оддадеме почит на Гоце Делчев, којшто знаете е бугарски револуционер, вели Донев.

Според информациите од МВР, од синоќа од 8 часот до изутрината до 8 часот во државата преку овој граничен премин влегле 249 лица од кои 105 македонски државјани и 144 странски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе