Приврзаниците го ослободија Саакашвили од полициското комбе

Украинските приврзаници на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили го ослободија од полициското комбе по неговото притворање под сомнеж дека  помагал на криминална организација, што предизвика судири со полицијата во центарот на Киев.

Речиси 200 приврзаници на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, излегоа на улиците, ги блокираа и поставија барикади во самиот центар на престолнината на Украина за да го ослободат. Полицијата користеше солзавец против демонстрантите, кои се обидуваа да спречат Саакашвили да биде одведен на испрашување. Тие бараа уапсениот поранешен претседател на Грузија да биде ослободен.

Демонстрантите ја скршија вратата на полициското возило и го извлекоа Саакашвили. Потоа го одведоа во црквата во близина, каде што тој им се обрати на приврзаниците. Тој повика на ослободување на Украина и уривање на актуелниот украински лидер, Петро Порошенко.

„Бандата на Порошенко денеска под лажни обвиненија се обидува да ме уапси и да ме исфрли од Украина. Ќе го дадам својот живот за слободна Украина. Сакам да ги повикам сите граѓани на Киев да излезат на улица, да се соберат на Мајдан и да го почнат процесот за спасување на Украина од Порошенко и неговата банда”, рекол Саакашвили.

Неколку луѓе биле повредени во судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност. Демонстрантите поставиле гуми, канти и стапови за да го блокираат возилото.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе