Доколку барате малку поинакво, а вкусно јадење, лебот од тава со сирење е идеален за вас.

Овој леб можете да го искористите на многу начини: како леб со главно јадење, за макање сосови, дури и самостојно за мезење.
Потребни состојки:
- 320 гр брашно
- ½ лажица сув квасец
- ½ лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 120 мл вода
- 140 гр грчки јогурт
- 30 гр путер
за полнењето:
- 250 гр рендана моцарела
за премачкување:
- 80 гр путер
- 3-4 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- магдонос
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за тестото и од нив направете топка. По потреба можете да додадете малку брашно, но внимавајте да не претерате. Почекајте еден час тестото да нарасне.
Замесете го и од него направете 8 топчиња. Растегнете го секое топче и наполнете го со рендана моцарела. Поврзете ги негоите рабови и формирајте топчиња како на видеото. Оставете ја смесата и почекајте околу 45 минути.
Растегнете ги топчињата и испржете ги во тава од двете страни. После тоа, додадете премаз од стопен путер, кромид, магдонос и сол.