Пробајте во 2021: Бавен секс за интензивен оргазам

Бавниот секс е во тренд веќе некое време и иако на почеток можеби ви звучи досадно, оние што го пробаа едноставно го обожаваат.

Со овој начин на водење љубов, истакнуваат експертите за секс, паровите ќе научат некои нови работи. На пример дека оргазмот не е секогаш приоритет и дека силното возбудување исто така нуди неверојатни задоволства. Овој секс е нежен и се базира на емоции. Значи, не е баш најсоодветен за двојки кои не се познаваат баш најдобро.

Како прво, ќе треба да си одвоите време. Бавниот секс може да трае и до три часа. Ако едниот од вас е под стрес, треба да се опуштите со длабоко дишење или смирувачки чај пред сексуалниот поход.

Мека пенетрација

Легнете заедно голи во кревет, бидете блиски, не се допирајте, опуштете го вашето тело и не се возбудувајте премногу. Потоа започнете со допири. Дозволено е да се допирате и „таму долу“ еден со друг, но нежно, без стимулација.

Откријте го телото на вашиот партнер одново и одново, истовремено избегнувајќи ги добро познатите „проверени“ движења. Започнете со нежни бакнежи, бидејќи суштината на овој секс е предиграта. Гледајте се во очи, кажете како се чувствувате...

И потоа поврзете се нежно и без премногу движења. Ова може да се направи, велат експертите, дури и со блага ерекција. Ова се нарекува „мека пенетрација“.

Најдобри позиции се положбата од страна (spooning) или „ножици“ – двајцата легнете на страна, свртени еден кон друг; жената нека ја стави лежечката нога меѓу неговите нозе, а со другата нека го „прегрне“ преку неговиот колк.

Во долгите врски, сексот честопати се сведува на оној „брзинскиот“, а потоа забораваме како изгледа вистински секс преполн со нежност и емоции.

Без ненадејни движења

Време е за промена. Мажите во оваа фаза најчесто се речиси пред оргазам, па добро е да научат како да ја одложат кулминацијата. Престанете да пенетрирате и започнете да ги истражувате ерогените зони и да се препуштите на допир. Пенетрацијата во бавниот секс значи поврзување.

Без нагли и брзи движења. Запомнете, не станува збор за трка до оргазам. Сепак, тоа не значи дека оргазмот ќе изостане.

Илјадници двојки потврдуваат, а и експертите се согласуваат, дека оргазмот постигнат со бавен секс е поинтензивен од кога и да е! Слично на тантричкиот секс, долгото одложување на оргазмот доведува до сосема нов интензитет на кулминација. Вреди да се проба!

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе