Пробавме пилешки кранчи врап од Grand Burger

Во време кога движењето е ограничено, а рестораните и фаст-фуд баровите функционираат само преку „шалтер систем“ и вршење на испорака, решивме да направиме пауза од готвените домашни јадења и да се почестиме со мала доза брза храна. На денешното мени е пилешкиот кранчи врап од Grand Burger.

Нарачката ја направивме во 16:20 часот, а јадењето стигна во 17:10. Локацијата за достава е оддалечена на ~4-6 минути возење од Grand Burger во Ново Лисиче. Иако не сме пресреќни со времето за достава, мораме да го земеме во предвид фактот дека нарачката е направена во „време за ручек“, па очекувано е испораката да стигне подоцна од вообичаено. Секако, сѐ додека храната е топла и свежа, ние немаме проблем со тоа да причекаме малку.

Вработениот задолжен за достава без потешкотии се снајде и ја достави храната на договорената локација. Снаодливоста на луѓето кои се задолжени за испорака е битен фактор во целокупното искуство, затоа што никој не сака да дава бесконечни инструкции за точна локација додека со нетрпение ја очекува нарачаната храна. А со неискусните доставувачи, ова се случува често.

Порачавме 2 кранчи пилешки врапови и 2 мали помфрити. Пристигнаа коректно спакувани во пластична кеса, па фина брендирана хартиена кеса (која ги содржи сите клучни податоци и контакт информации за Grand Burger), а во неа – секое парче беше посебно спакувано и завиткано во алуминиумска фолија. Кудос - отсекогаш сме имале респект кон угостителите кои не штедат на добар брендинг и соодветно пакување. Пакувањето содржеше и салфети и пастични вилушки (иако често се случува некои ресторани да ги изостават во процесот).

Мх, мх, мх, време е за јадење! :)

Иако знаеме дека поентата на враповите е да се јадат завиткани, за потребите на рецензијата моравме да отвориме барем еден и да ѕирнеме што точно содржи внатре. Крцкаво пилешко (и тоа навистина крцкаво), фина количина кромид, сечкани домати и кисели краставички, стандардните преливи и свежа марула – сето тоа свиткано во тортиља која е фино потпечена и примамлива за очи. На прв поглед, сѐ изгледа коректно.

Единствено нешто што малку нѐ разочарува е количината на компирчиња која навистина го оправдува името „мал помфрит“.

Првиот гриз е задоволувачки и нѐ прави среќни! Пилешкото е крцкаво (а сепак меко), преливите се вкусни, се чувствува кромидот и киселите краставички. Не ни се допаѓа тоа што состојките се ладни поради задоцнетата достава.

Исто така, не сме импресионирани од квалитетот на помфритот (мек и по малку „гумен“ наместо крцкав), но свесни сме дека тоа е поради кондензацијата од пакувањето. Вистинскиот впечаток, најверојатно е уште подобар доколку врапот се дегустира во ресторанот.

Задоволни од изборот, продолжуваме да уживаме во оброкот и помеѓу паузите потврдно си коментираме: „Еј, ама стварно е добар врапов“. И додека задоволно се пробивавме низ првата половика од крцкавото пилешко, мал проблем – налетавме на домат кој беше тврд како краставица, а богами и во одредени делови зелен како неа.

Мораше ли баш вакво парче да заврши во нашиот оброк?
Нели е подобро воопшто да не стигне до врапот и да биде отстрането уште во кујната, кога и онака ќе го фрлиме по првиот гриз? Можеби, но тешко веројатно, затоа што брзата подготовка на храна носи и вакви грешки.

Ок, го фрламе зелениот домат на страна и продолжуваме да уживаме во јадењето. Некаде по изедени две третини од врапот, веќе немаме помфрит – но и без него, општиот впечаток останува позитивен до крај. Вкусно беше и би порачале повторно. Белешка за себе: „Никогаш не порачувај мал помфрит од Grand Burger“.

thumb_up Позитивно
  • Фино пакување и брендинг.
  • Вкусно и крцкаво.
  • Соодветни преливи и додатоци.
  • Обемен врап кој сигурно ќе ве засити.
thumb_down Негативно
  • Бавна испорака.
  • Нема можност за електронско плаќање или преку терминал при испорака.
  • Мек помфрит (од кондензација).

thumb_up
Кајгана
Оцена
4/5
реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Водителка покажа среден прст во живо

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Читај повеќе

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Читај повеќе

Во кои хороскопски знаци се раѓаат најголемите манипулатори?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто жените се подобри во мултитаскинг?

Читај повеќе
15 идеи како сами да направите новогодишни украси

15 идеи како сами да направите новогодишни украси

Читај повеќе

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Читај повеќе

Најчестите грешки што ги правиме кога вежбаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Читај повеќе