Проблеми и за Реал: Се повреди Мбапе

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја постигнаа петтата последователна победа во сите натпреварувања, совладувајќи го Алавес со 3:2 на „Сантјаго Бернабеу“ во седмото коло од Ла Лига.

Со оваа победа тие ја намалија разликата зад Барселона на само бод, иако Каталонците имаат натпревар помалку.

Реал одлично го започна натпреварот - Лукас Васкес постигна гол уште во првата минута на асистенција на Винисиус. Во 33. минута Килјан Мбапе погоди, но голот беше поништен поради офсајд. Сепак, седум минути подоцна, по двојното додавање со Џуд Белингам, Мбапе сепак постигнува гол за 2:0. Во третата минута од вториот дел Родриго со одличен удар зголеми на 3:0.

Иако се чинеше дека Реал веќе има обезбедено победа, Алавес успеа да ја искомплицира ситуацијата на крајот од натпреварот. Со головите на Карлос Бенавидез во 85. минута и Кике Гарсија минута подоцна намалија на 3:2, но Реал го задржа водството и освои нови три бода.

Но, прославата беше нарушена со повреда на Мбапе, кој мораше да ја напушти играта во 80. минута.

Иако првичните извештаи сугерираа дека тој бил заменет како мерка на претпазливост, Реал подоцна објави дека Мбапе се здобил со повреда на феморалниот бицеп на левата нога.

Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, Мбапе најверојатно ќе отсуствува три недели, што значи дека ќе го пропушти дербито против Атлетико Мадрид, натпреварот од Лигата на шампионите против Лил и средбата со Виљареал во Ла Лига.

Доколку дополнителните тестови покажат посериозно оштетување на мускулите, паузата може да трае и до два месеци.

Мбапе, кој летово пристигна во Реал Мадрид, одигра девет натпревари на кои постигна седум гола и забележа една асистенција.

реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Фудбал

Шпански медиуми: Реал Мадрид отпишува тројца играчи по дебаклот со ПСЖ

Read more

Милан ќе игра домашен меч од Серија А во Австралија? Федерацијата даде зелено светло

Read more

Срушен трансфер рекордот во женскиот фудбал: Арсенал ја потпиша Оливија Смит за милион фунти

Read more

Жота не возел пребрзо, сведочења на двајца камионџии спротивни на заклучокот на полицијата

Read more
 

Спорт

Сабаленка: Заборавив дека сум број еден

Читај повеќе

Шпански медиуми: Реал Мадрид отпишува тројца играчи по дебаклот со ПСЖ

Читај повеќе

Милан ќе игра домашен меч од Серија А во Австралија? Федерацијата даде зелено светло

Читај повеќе

Срушен трансфер рекордот во женскиот фудбал: Арсенал ја потпиша Оливија Смит за милион фунти

Читај повеќе
  • play_arrow

Анисимова против Швјонтек во финалето на Вимблдон

Читај повеќе

Жота не возел пребрзо, сведочења на двајца камионџии спротивни на заклучокот на полицијата

Читај повеќе

Стефан Ристовски е нов играч на великанот од Сараево

Читај повеќе

Македонија скокна пет места на ранг-листата на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Никој како Меси: Продолжува да руши рекорди во МЛС

Читај повеќе