Проблеми со хард дискот? Како да ги препознаете и што да направите

Хард дисковите, како и сите други делови на компјутерот, не траат засекогаш. Еве неколку знаци дека е време да го замените дотраениот хард диск со нов.

Корумпирани податоци и сè поголем број лоши сектори

Ако забележите нешто од ова, вашиот хард диск можеби е „ на крај на силите“:

* Грешки при отворање, преместување или зачувување датотеки

* Датотеките не се отвораат

* Корумпирани податоци во датотеките

* Датотеките сами исчезнуваат

Корупцијата на податоците обично се јавува кога се создаваат податоците. Можеби проблемот е во некој штетен софтвер, односно вирус, но може да е до хард дискот.

Bad sectors или лоши сектори се оние делови на дискот што не можат да складираат податоци како што треба. Ако имате Windows, тој автоматски ќе ги препознае и обележи, и ако ви е расипан хард дискот, ќе има сè повеќе такви сектори со тек на време.

За да се обидете да зачувате барем некои податоци од овие лоши сектори, пробајте го следново.

Windows + E -> This PC -> десен клик, па Properties -> Tools -> Check. Можете да направите и потемелен преглед, но трае малку подолго.

Отворете command prompt како администратор -> chkdsk/r c: (za C: disk) -> притиснете Y и дозволете CHKDSK да го рестартира компјутерот.

Забавување на компјутерот, чести „багови“, „син екран на смртта“

Една од најчестите причини за оваа комбинација на „симптоми“ е токму расипан хард диск. Секако, можете прво да се обидете со ажурирање на оперативниот систем или да влезете во Safe Mode и да видите што можете да направите оттаму, но ако ништо од тоа не успее – најверојатно станува збор за хард дискот.

Чудни звуци

Ако слушнете нешто што е невообичаено кога работи вашиот компјутер, тоа може да биде проблем. Повторливиот звук познат како „клик на смртта“ најверојатно е предизвикан од обид на главата на хард дискот да напише податоци, но не успева. Исто така, звуци на гребење или пиштење не се добар знак.

Што да направите ако сакате да го смените хард дискот?

За почеток, направете сигурносна копија. Можете да направите копија преку интернет, користејќи OneDrive или нешто слично.

После тоа, заменете го дискот и едноставно пренесете ги сите податоци на новиот. Не заборавајте да ги избришете целосно од стариот кога дефинитивно повеќе не ви требаат. Многу луѓе решаваат физички да го уништат, но тоа не е најсреќното решение за животната средина.

Електронскиот отпад треба да се фрла на места означени за тоа. За повеќе информации, кликнете ТУКА.

Тагови
реклама

Овие се седумте најдобри мобилни телефони во светот

Read more

Не, Илон Маск не е мртов

Read more

Првпат воведена е-трговија во Пошта – онлајн нарачки со можност за испорака до адреса

Read more

Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Read more

Хардвер

Како изгледа телевизор од 400.000 долари?

Read more

Колку е опасно да го оставате телефонот на полнач преку ноќ?

Read more

Хај-тек чудовиште: Лаптоп со дури седум монитори

Read more

Motorola развива технологија за полнење уреди од далечина

Read more
 

Гик

  • play_arrow
  • filter

Пристигна смартфонот со најбрз екран на пазарот

Читај повеќе
  • play_arrow

Водич за почетници: Како да ја користите платформата за графички дизајн Canva?

Читај повеќе

Овие се седумте најдобри мобилни телефони во светот

Читај повеќе
  • filter

Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Xiaomi ја претстави новата серија Redmi Note 10

Читај повеќе

Научници развиваат вакцина против COVID-19 во форма на спреј

Читај повеќе

Роскосмос почна да работи на Венера-Д орбиталната станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот вселенски ураган исфрла електрони наместо дожд

Читај повеќе
  • play_arrow

10 работи во кои гејмерите лажно веруваат

Читај повеќе