Проблеми во Кливленд, никој не му верува на Кевин Лав

Кливленд Кавалирс вчера одржаа итен тимски состанок во кој повеќето од играчите го обвиниле Кевин Лав дека ги лажирал здравствените проблеми за да не игра на мечот против Оклахома.

Неколку од играчите (не беа споделени имиња) го притискале раководството да бара одговорност од Кевин Лав за неговото отсуство во саботниот натпревар и тренингот во недела.

Кевин Лав ја напушти арената кратко пред натпреварот против Оклахома Сити Тандер, велејќи дека се работи за „здравствен проблем“ и дека не сака да ризикува да биде повреден подолго време.

Според еминентниот НБА инсајдер од ESPN, Ејдриен Војнаровски, состанокот бил гласен и имало бурни кавги помеѓу соиграчите. Атмосферата се смирила откако Кевин Лав го дал неговото објаснување зошто го пропуштил натпреварот, и потоа состанокот продолжил да се одвива во помалку напнато расположение. Војнаровски вели дека овој состанок треба да има позитивно влијание на сезоната на Кавалирс, кои во последните две недели се мачат да дојдат до победа.

Обвинувања за лошиот период на Кавалирс биле упатени кон многумина, од Ајзеа Томас, Кевин Лав, генералниот менаџер Коби Алтман, па дури и сопственикот Ден Гилберт.

Откако во декември имаа фантастична серија од натпревари, Кавалирс паднаа на скор од 27-18, само една победа повеќе од Мајами Хит. Во четврток гостуваат кај Сан Антонио Спарс во Тексас.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе