Проблеми за Ангеловски: Голманот Божиновски отпадна поради позитивен тест

Филип Здравески
/ 09.11.2020 / 13:41

Први проблеми за селекторот на македонската фудбалска репрезентација откако резервниот голман Божиновски излезе позитивен на COVID-19 и отпадна од списокот за претстојните натпревари.

Фото: ФК Силекс Кратово

Денеска почнаа да пристигнуваат репрезентативците во Скопје, а почнаа и првите проблеми. Голманот на Силекс, Даниел Божиновски, е првиот кој мораше да му откаже на селекторот Игор Ангеловски. Тој е позитивен на COVID-19 и дефинитивно отпаѓа.

„Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери“, соопшти ФФМ.

„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи“, рече Даниел Божиновски во изјава за ФФМ.

Божиновски синоќа бранеше за Силекс кој доживеа убедлив пораз од 0:3 дома против Македонија ЃП. Нема да го памети натпреварот по добро бидејќи направи кикс при водечкиот гол за гостите.

Remote video URL

Ангеловски на списокот вклучи четворица голмани, а бидејќи останатите тројца се во комбинација за баражот против Грузија в четврток, нема да повика нов. Но, нов голман веројатно ќе мора да биде повикан за натпреварот в недела против Естонија во Скопје во рамките на 5. коло од Лигата на нации. Името, поради суспензија единицата Столе Димитриевски нема да биде во комбинација, а правилата на УЕФА налагаат да мора да има тројца голмани во составот.

За потсетување, Македонија има на располагање одличен голман во Давид Митов Нилсон, кој го чува голот на норвешки Сарпсборг, но поради непиознати причини селекторот упорно не му упатува повик.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе