СЕРИЈА А 2019/20

Проблеми за Конте: Повредата на Алексис бара операција

Алексис Санчес заработи повреда играјќи на пријателска за Чиле, а прогнозите велат дека потребна е хируршка интервенција и пауза од три месеци.

Чиле и Колумбија во саботата играа пријателски натпревар во шпанскиот град Аликанте. Во 88-мата миунута Санчес мораше да го напушти тенерот откако заработи повреда на зглобот при еден дуел со Хуан Куадрадо, инаку играч на Јувентус.

Во истиот град, Чиле утре се среќава со Гвинеја, а Санчес нема да биде дел од тимот бидејќи веќе се врати во Милано на прегледи кај својот Интер.

„Го загубивме Алексис за овој натпревар, а доколку Интер реши да го оперира ќе биде надвор два или три месеци. Штета, таман почна да игра за својот клуб, даде два гола и играше во Лигата на шампиони. Сега ја чекаме одлуката на Интер, ќе видиме што ќе одлучат. За нас е Алексис Санчес, за Интер е еден од нивните играчи“, изјави чилеанскиот селектор Рејналдо Руеда.

Одлуката ќе биде на Антонио Конте и медицинскиот тим кои треба да решат што е најдобро за играчот. Итна операција може да го исфрли Санчес од игра до Нова Година што би значело опција помалку во офанзивниот ред за претстојните важни натпревари во Серија А и Лигата на шампиони. Во спротивно, играчот би ризикувал посериозна повреда и подолго отсуство.

реклама

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Фудбал

Интер се искачи на второто место во Серија А

Read more

Млади фудбалери кои ќе им заштедат милиони на новите клубови

Read more

Една победа го дели Реал од трофејот во Ла Лига

Read more

Гасперини за пеналите на Јуве: Ова го има само во Италија

Read more

Спорт

Хјустон, имаме проблем: По Вестбрук, и Харден заразен со COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Интер се искачи на второто место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Млади фудбалери кои ќе им заштедат милиони на новите клубови

Читај повеќе
  • play_arrow

Една победа го дели Реал од трофејот во Ла Лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Гасперини за пеналите на Јуве: Ова го има само во Италија

Читај повеќе

Вардар 1961 се засили со полскиот пивот Патрик Валчак

Читај повеќе

Бартомеу: Преговорите за трансферот на Лаутаро се во мирување

Читај повеќе

Леклер се извини за судирот со Фетел

Читај повеќе
  • play_arrow

Кулибали: Милан едвај шутна на гол, а даде два гола

Читај повеќе