УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Проблеми за Лацио: Имобиле нема да игра вечер поради COVID-19

Без својот најдобар играч Лацио вечерва ќе му се спротивстави на белгиски Бриж во 2. коло од Лигата на шампионите.

По одличниот старт и победата од 3:1 над Борусија од Дортмунд сега Лацио е на маки на гостувањето во Белгија.

Поради позитивен тест синоќа за Бриж не отпатува голгетерот Чиро Имобиле, како и Луис Алберто, Лукас Лејва, Томас Стракоша и Мануел Лаѕари, што ќе биде голем хендикеп за „Бјанкочелестите“ кои важеа за фаворити.

Денеска се чекаа нови тестови со надеж дека ќе покажат дека вчерашните биле лажно-позитивни и Имобиле да може накнадно да летне за Бриж, но сепак до тоа не дојде.

Чиро Имобиле

Затоа, пак, добра вест за Симоне Инѕаги е денешниот негативен тест на бразилскиот играч од средината, Андреас Перејра, кој веднаш летна кон Бриж и ќе биде во комбинација вечерва.

„Не очекувавме вакво сценарио. Тргнавме добро против Борусија и сакавме да дојдеме тука комплетни. За жал, ситуацијата во моментов е таква. Сигурен сум дека кој и да истрча на терен ќе го даде максимумот во овој дрес. Со сигурност ќе извадам компетитивен состав кој ќе ѝ се спротивстави на една одлична екипа каква што е Бриж“, изјави синоќа Инѕаги.

Бриж го пречекува Лацио вечерва од 21 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе