Проценете го неговиот карактер според омилената секс-поза

Говорот на телото во текот на сексот е многу важен и може да открие детали за карактерот на вашиот партнер.

Според многу нешта може да оцениме каков е некој, но интересно е што истражувачите дошле до одредени правилности кои можат да им помогнат на жените да проценат каков е навистина нивниот партнер.

Омилените пози можат целосно да ги разоткријат мажите. Експертот за говор на тело, Јан Харгрејв вели дека мажите кои се стабилни, нежни но и забавни ја сакаат мисионерската поза.

Еве што открива понатаму:

Секс-поза лажица

Положбата во која двајцата лежите на страна, со тоа што тој е зад вас, открива маж кој постојано бара потврда за чувствата на партнерката. Оваа положба овозможува посебна интимност, а тоа укажува дека вашиот партнер е чувствителен тип, објаснува Харгрејв.

Доги-стајл

Доколку партнерот ја обожава оваа поза, всушност сака да доминира, да биде алфа маж и не сака емоционално да се отвора. Во оваа поза нема контакт со очите, но ако постојано инсистира на доги-стајл изведба, можно е да има и проблеми со самодовербата.

Полупрегратка

Положбата во која жената лежи на стомак, а мажот ја прегрнува во текот на сексот во така наречена полупрегратка, е знак дека му е пријатно со неа и дека е задоволен во врската, вели д-р Одри Нелсон, експерт за комуникација.

Жената горе

Ако вашиот партнер инсистира на оваа поза, всушност не сака да вложи многу труд туку вам ви ја препушта играта. Слабата амбиција и мотивација не се однесуваат само на сексот, туку и на другите сфери во животот, бидејќи овој маж е навикнат работите да му бидат сервирани. Меѓутоа, ако не инсистира, но му е една од омилените пози, станува збор за разиграна фантазија и тој партнер може да ѝ овозможи добра забава на неговата жена.

Постојано ве привлекува кон себе

Ако во текот на сексот вашиот партнер постојано ве влече кон него, сака нежност и близок контакт. Всушност, сака повеќе интимност, доверба и нежност. Овој тип на маж всушност сака партнерката да одлучува во сè.

По сексот се оддалечува

Ако вашиот партнер има навика по сексот да се тргне од вас, значи не сака обврски. Со тој потег поставува безбедна оддалеченост од вас, психичка и емоционална.

Лежење на страна по сексот

Ако по акцијата лежи на страна покрај вас, сосема е луд по вас, но и малку посесивен и доминантен. Меѓутоа, ако само сака да се гали, но така што вие сте зад него, оваа положба укажува дека сака други да се грижат за него, вели Хагрејв.

Тагови
реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе