Проценка за нова вонредна состојба, очекувања за дијалог и исход за датум на избори

Владата до крајот на неделата, според најавите, треба да направи проценка дали е потребно прогласување нова вонредна состојба.Тековната вонредна состојба  што трае 14 дена завршува на 30. месецов, по што течат законските рокови за одржување на најавените предвремени парламентарни избори, што првично требаше да се одржат на 12 април.  По неуспешната последна лидерска средба на 18 месецов за консензус околу датумот на одржување на изборите, и вчера изостанаа официјални информации за можноста за одржување нова средба на лидерите, а од партиските седиште на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повторија ставовите, првите за брзи избори, а вторите дека сè уште нема услови поради новите случаи на заболени од COVID-19.

Од СДСМ  и вчера порачаа дека се потребни избори за да се обезбедат целосно функционални институции, но истовремено да се заштити здравјето на граѓаните, поради очекувањата за нов бран со вирусот COVID-19.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, го повтори обвинувањето дека СДСМ сака избори по секоја цена, укажувајќи дека Државната изборна комисија доставила мислења каде јасно пишува оти им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите.

Како што изјави вчера премиерот Оливер Спасовски, до крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба. Ако се увиди дека има потреба, вонредна состојба повторно ќе се воведе. Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација, тогаш ќе носиме и таква одлука. Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа, изјави Спасовски при посетата на Штип.

За можноста за нова лидерска средба за договор на датумот за избори Спасовски порача дека очекува да се поттикне политичкиот дијалог и оти политичките партии треба да се договорат врз основа на позитивните законски прописи во државата.

Според него, неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции. – Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу создадени услови, порача  Спасовски вчера по седницата на Владата на која беа донесени мерки за олабавување на рестрикциите поради вирусот COVID-19, меѓу кои и за укинување на полицискиот час од денеска и отворање на угостителските објекти од утре.

Таков став претходно во одговор на новинарско прашање изнесе и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов,  потенцирајќи дека изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, како што истакна, по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата.

– Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции коишто ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни се функционални институции коишто ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба, согласно законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, рече Костадинов.

Во реакција на неговите ставови  од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека барањето брзи избори во ситуација кога има уште тројца починати од COVID-19 е организирано убиство од политички побуди.

-Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта, оценија од ВМРО-ДПМНЕ од каде претходно преку соопштение се повикаа на мислењето од ДИК дека им се потребни 35 до 40 дена за подготовки за одржување на изборите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе