Продажбата на автомобили во Европа најдобра во изминативе 10 години

Бројот на нови регистрирани автомобили во Европа во октомври се зголеми за 8,6%, што е највисоко ниво од 2009 година, покажаа најновите статистички податоци.

За ваквиот драстичен скок влијаеше силната побарувачка во Германија и во Франција, како и растот на побарувачката за возила на Volkswagen за 29%, објави Reuters.

Бројот на регистрирани автомобили се зголемил на 1,21 милион автомобили во земјите на Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), покажаа податоците на Европското здружение на автомобилската индустрија (ACEA).

Продажбата на Renault порасна за 15,8%, а на Hyundai за 13,4%.

Во Германија, побарувачката за автомобили се зголеми за 12,7 проценти, а во Франција за 8,7%. Тоа помогна да се неутрализира падот на бројот на новорегистрирани возила во Велика Британија од 6,7 проценти, покажаа податоците на ACEA.

Лани во октомври, производителите на автомобили имаа потешкотии поради прилагодувањето на построгите прописи во врска со загадувањето на воздухот што стапија на сила на 1 септември, 2018 година.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе