Продажбата на електрични возила достигна рекордни бројки на глобално ниво

Побарувачката за електрични возила е сѐ поголема, а најголемите светски економии сметаат дека токму овие автомобили ја претставуваат иднината на превозните средства.

Кина е најголем потрошувач на електрични возила, купувајќи повеќе од половина од произведените автомобили во третиот квартал од годината.

Продажбата на електрични возила и хибриди ја надмина бројката од 287.000 продадени единици во тримесечниот квартал кој заврши во септември, што претставува пораст од 63% во однос на истиот квартал минатата година и 23% во однос на претходниот квартал од 2017 година. Сето ова беше наведено во извештајот што го даде Bloomberg New Energy Finance (BNEF).

Кина е одговорна за повеќе од половина од вкупната продажба на глобално ниво, што најмногу се должи на мерките кои тамошната влада ги презема со цел да го ограничи и намали загадувањето.

„Кинеската влада е многу фокусирана на зголемување на пазарот на електрични возила“, вели Александра О’Донован, транспорт-аналитичар во BNEF и еден од авторите на извештајот.

Пазарот за електрични автомобили се проширува од ден на ден, со менувањето на инфраструктурата на градовите, но и со склоноста на автомобилските компании кон произведување на вакви автомобили.

Неколку светски влади веќе работат на отстранување на автомобилите кои работат на бензин и дизел мотори. Франција и Велика Британија најавија дека ќе ја забранат продажбата на дизел возила до 2040 година, додека Холандија ќе ги забрани бензинците и дизелашите уште во 2030 година.

Европа е вториот најголем пазар за електрични возила, со 24% од вкупната продажба, а веднаш по нив следува Северна Америка.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе