Продажбата на Renault во светот лани опадна за 21,3 отсто

Производителот на автомобили Renault во 2020 година забележа пад на продажбата од 21,3 отсто.

Групацијата лани има продадено 2,9 милиони автомобили. Падот на продажбата на Renault е „главно како резултат на високата изложеност во земјите кои претрпеа строги ограничувања и прекинување на нивните трговски активности во вториот квартал, како и забавувањето во четвртиот квартал, особено во Франција“, прецизираат од Renault.

Во Европа, продажбата опадна за 25,8 отсто, на 1,4 милиони автомобили.

– Второто полугодие покажа подобра еластичност и добри перформанси на пазарот на електрични и хибридни автомобили, уверува директорот за продажба Денис ле Вот.

На крајот на декември, додаде тој, групацијата објави ниво на нарачки за 14 отсто поголеми од оние за 2019 година во Европа и ниво на залихи опаднати за 20 отсто.

– Сега се фокусираме на профитабилноста во однос на обемот на продажба, со поголема нето маржа по возило, на секој наш пазар, рече генералниот директор на Renault, Италијанецот, Лука Де Мео.

Според него, првичните резултати се веќе видливи во втората половина на 2020 година, особено во Европа каде што брендот Renault напредуваше на најпрофитабилните канали на продажба и го зајакнува своето лидерство на автомобилите на електричната енергија. Renault продолжи да доминира на пазарот на електрична енергија во Европа во 2020 година со продадени 115.888 возила, од кои 100.000 автомобили од типот ZOE. Исто така, лансираше електрифицирана верзија на својот мини-градски автомобил Twingo и за 2021 година го претстави електричниот модел, што сака да биде најевтиниот на пазарот, Dacia Spring.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе