Продолжен притворот за лице осомничено за трговија со две девојки

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против едно лице кое според опишаните дејствија сторило кривично дело Трговија со луѓе, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик.

Судот му го продолжи притворот на обвинетиот, на кому му се заканува казна затвор од најмалку четири години.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, обвинетиот во период од месец јули до месец октомври минатата година во својот угостителски објект во гостиварско, употребувајќи сила и закана за употреба на сила и применувајќи психолошко насилство, сексуално и трудово експлоатирал Македонка и Русинка. Девојките работеле во угостителскиот објект, едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка.

Искористувајќи ја состојбата на ранливост на дваесет и двегодишната Македонка и понудил заштита и времено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на неговиот угостителски објект каде понудил да работи. По одредено време, обвинетиот побарал за неговата услуга за заштита, девојката да прави сѐ што ќе ѝ каже бидејќи сметал дека таа е „негова сопственост и со неа ќе прави што сака“. И покрај противењето на девојката, обвинетиот не само што лично сексуално ја злоупотребувал, туку ја присилувал да дава сексуални услуги и на други лица од кои наплаќал од 50 до 100 евра. За да може подолго да работи, ја принудувал да користи кокаин. Девојката добивала по 1.500 денари на две недели за извршувањето на работите во угостителскиот објект, кои обвинетиот веднаш ѝ ги земал. Воедно, тој насилно ѝ ја одзел и платежната картичка од која без нејзина согласност ја подигнал целата сума во износ од 18.000 евра, а исто така успеал противправно да ја пренесе сопственоста од ПМВ сопственост на девојката на неговиот син, кој по десетина дена истото го продал на трето лице.

Воедно, државјанката на Руската Федерација, по претходна комуникација со познанички, пристигнала во нашата земја кон крајот на август 2021 година. Иако според првичниот договор таа требала да биде танчарка, обвинетиот покрај танцувањето барал и дополнителни услуги од неа односно да дава сексуални услуги на обвинетиот, неговите пријатели и гости во објектот за што наплаќал од 3.000 до 8.000 денари, а девојката не добивала ништо за возврат. Не можејќи да го издржи физичкото, психолошкото и сексуалното малтретирање девојката искористила погоден момент и го напуштила угостителскиот објект, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Предметниот обвинител ценејќи дека сè уште постојат околности врз основа на кои му беше определена и продолжувана мерката притвор, му предложи на судот да му ја продолжи веќе изречената мерка.

За кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години.​ 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе