Продолжен рокот за пријавување за вакцинација за новинари и медиумски работници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги информираат новинарите и медиумските работници дека рокот за пријавување за втората фаза од вакцинацијата против COVID-19 е продолжен и трае до 23 април (петок).

На овој повик нема ограничувања и може да се пријават сите новинари и медиумски работници кои имаат активен ангажман поврзан со некој медиум, како и слободни новинари и медиумски работници.

Имунизацијата, во соработка со Министерството за здравство се очекува да биде организирана наскоро, за што пријавените навремено ќе бидат известени, како за термините, така и за локацијата.

Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за првата фаза од вакцинацијата, се ставени на списокот за вториот круг на вакцинирање.

ЗНМ и ССНМ ги замолуваат пријавените да ја проверат точноста на контакт податоците (електронска пошта) кои ни ги доставиле и доколку увидат одредени грешки да нѐ известат во најкус можен рок за да не доаѓа до недоразбирања при известување за термините.

Начинот на пријавување е ист како и за првата фаза и ќе оди преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk единствено со испраќање на пополнет формулар кој можете да го симнете тука.

Напоменуваме дека ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во овој образец во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата.

Рокот за поднесување на формуларот е 23 април (петок) до 24 часот.

ЗАБЕЛЕШКИ

Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.

Обврската за веродостојноста на информациите е на товар на одговорното лице посочено во формуларот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе