Продолжени актуелните правила за влез во Грција

Атина, 13 јуни 2021 (МИА) – Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан COVID-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука на грчката Влада во која актуелните правила се продолжени за уште една седмица, односно до 21 јуни 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Во новата одлука што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а стапува во сила утре во 6 часот наутро, нема никакви промени во однос на претходната, а Северна Македонија и понатаму е една од 23-те трети земји за кои постои исклучок од забраната за влез во Грција.

Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Во посебен член од министерската одлука, детално се опишани предусловите и неопходните документи за влез во Грција.

Сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат, а се поврзани со Ковид-19.

Поконкретно, како што пренесува МИА, првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората опција е со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа пред патувањето, во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија и да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Освен двете опции, алтернативно, како што пишува во министерската одлука, посетителите на Грција, може да достават сертификат за прележана болест или позитивен резултат од направен ПЦР или антигенски (брз) тест со валидност од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот и да се поминати 30 дена од првиот позитивен резултат. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Со оглед на тоа што Грција, веќе го воведе дигиталниот Ковид сертификат, додадена е и оваа можност како алтернатива, односно туристите можат да влезат во земјата со ваков сертификат во дигитална или печатена форма, кој треба да ги содржи податоците во врска со вакцинацијата или резултатот од последната проверка со употреба на брзи антигени тестови или ПЦР тест или потврда за прележан COVID-19.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, можно е да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

Согласно министерската одлука, продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а исклучок освен за Северна Македонија има и за Австралија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

Во министерската одлука, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција мора да ги почитуваат мерките и рестрикциите што важат во земјата.

Па така, задолжителната употреба на маска и на отворено и на затворено, забраната за движење по 1:30 часот, поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн. важат и за странските туристи.

Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на COVID-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица.

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Роналдо ја открива програмата на која ги должи неверојатното тело и форма

Read more

Три хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во август

Read more

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Регион

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Read more

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата

Read more

Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

Read more

Пет години затвор за величање на воени злосторници во БиХ

Read more
 

Вести

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Читај повеќе

Трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма во Македонија

Читај повеќе

Скопје се топи на +40°C, Брзата помош има стотина интервенции дневно

Читај повеќе

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата

Читај повеќе

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Куманово

Читај повеќе

Денеска ги трошиме последните ресурси на Земјата за 2021, а уште не е ни август

Читај повеќе

Макрон е како Хитлер? Антиваксерите го налутија претседателот

Читај повеќе

Скопјани добиваат поевтино парно греење

Читај повеќе

Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

Читај повеќе