Продолжението на „Avatar“ ги одушеви критичарите: Филмот е визуелна гозба

Пристигнаа првите критики за „Avatar: The Way of the Water“, а изгледа дека режисерот Џејмс Камерон повторно ги одушеви филмските критичари.

И додека обожавателите ширум светот со нетрпение чекаат да го видат продолжението на најпрофитабилниот филм во историјата, критичарите добија шанса да го видат пред официјалната премиера и едноставно се одушевени. 

Брендон Дејвис, критичар на стрипови, го опиша филмот како „визуелна гозба“.

„Avatar: The Way of Water трае повеќе од 3 часа и е пријатен за гледање. Сепак, кога ќе заврши сакате да знаете кога ќе пристигне третиот дел. Филмот е константна визуелна гозба, како игра што никогаш не здосадува. Многу ми се допадна“, напиша Дејвис.

Критичарот Том Пејџ од CNN вели дека продолжението го направи незамисливото во филмската индустрија со тоа што е подобро од оригиналот.

„Поубав е, предизвикува поголема стравопочит кон Пандора, погласен е во еколошката амбиција за заштита на околината, повеќе ги осудува луѓето. Тоа е адреналински скок за снимање 3D филмови и бескомпромисно удвојување на очекувањата“, напиша Пејџ.

Критичарката Јоланда Мачадо од Entertainment Weekly го нарече „Танц со волците за генерацијата Z“.

URL

„Џејмс Камерон е мајстор на технологијата и неговата режија е најпрецизна токму овде. Филмот во целина, иако е технолошко чудо со свет што го одзема здивот, е како Dances With Wolves и Free Wily за генерацијата Z!“ напиша таа на Twitter.

Пери Немироф од Collider смета дека продолжението е „прилично неверојатно“.

„Верував дека Џејмс Камерон ќе ја подигне границата со ефекти, но овие визуелни ефекти се неверојатни. Една неверојатна сцена по друга. Но, она што најмногу ми се допадна е како техничките достигнувања секогаш се во служба на ликовите и градењето на светот“, напиша Пери во освртот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Сигурни Вивер, Стивен Ланг и Кејт Винслет.

Remote video URL
Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Read more

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Read more

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за The Pickup  - акциона комедија со Еди Марфи и Пит Дејвидсон

Читај повеќе

Новиот трилер со Метју Меконахи е базиран на вистински настани

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Том Круз стана Гинисов рекордер со Mission: Impossible 8

Читај повеќе

Ексклузивна репортажа од концертот на Џастин Тимберлејк во Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Читај повеќе

Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Читај повеќе