Продолжението на „Wolfenstein“ пристигнува без легендарниот Блазкович
Во последните неколку години компаниите за игри прават спинофи во кои играчите можат да играат со своите пријатели, без никакви ограничувања. Најновиот наслов од овој тип е „Wolfenstein: Youngblood“.
Претставен на саемот Е3, овој спиноф на популарната франшиза го става играчот во улогата на ќерката на Блазкович, која ја продолжува борбата против нацистите на најбруталниот можен начин.