На францускиот остров Реунион продолжува ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез, инаку еден од најактивните вулкани на планетата.
Лавата, во четвртиот ден од ерупцијата, веќе се наоѓа на само 2,7 километри од патот кој го обиколува овој француски остров и департман во Индискиот Океан и според информациите кои доаѓаат оттаму, таа продолжува да напредува со брзина од 600 метри дневно.
Со оглед на мерките за ограничено движење, лавата во моментот е видлива само за вулканолозите, кои објавија фотографии и видео од оваа појава.