Продолжува протестот на машинскиот персонал во Македонски железници

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт најави дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе продолжи до исполнување на поставеното барање за зголемување на коефициентот на сложеност, за кое добиле најава за разговори и анализи во наредниот период.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, рече дека на средбата со в.д. директорот на МЖ Транспорт, Игор Коруновски, им било понудено повторно враќање на надоместоците што ги добиваа вработените во железницата за прекувремена работа, како и за ноќна работа, работа во празник и за работа во недела, на износот од пред стапувањето во сила на антикризните владини мерки, а во наредниот период да се прават анализи за барањето за коефициентот на сложеност на работно место.

„Не отстапуваме од протестот сè додека не се исполни барањето за покачување на коефициентот. Разликата во коефициентите и хиерархијата во МЖ Транспорт мора да постои затоа што репер во транспортот е машиновозачот, по кој се редат сите други работни места“, изјави Чакаровски.

Министерот за транспорт, Горан Сугарески, како што соопшти ресорното Министерство, на средба со синдикатите и раководството во железницата изразил огромно разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за нивно решавање, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Македонија.

Поради протестот на машинскиот персонал денеска сообраќаат само возовите за Битола и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград. Како што најави Чакаровски, доколку во меѓувреме не се постигне договор со надлежните, од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе